Apple го отвора iOS - ќе може инсталирање и надвор од App Store

На одлучноста на компанијата Apple да ја сочува „безбедноста“ на своите уреди, а во тој процес и да го задржи својот оперативен систем затворен, ѝ се приближува крајот благодарение на новиот закон на Европската Унија.

Според инсајдерските информации до кои дојде Bloomberg, Apple наголемо поставува темели на кои корисниците на iOS и iPadOS ќе им биде дозволено да инсталираат апликации надвор од App Store продавницата. Оваа проимена би можела да вклучува омозможување продажба на апликации преку трети страни, инсталирање апликации од непознати извори, или двата начина. Се наведува дека технолошкиот гигант оваа опција ќе им ја донесе само на корисниците во Европа за да го исполни минимумот кој го бара новиот европски закон.

Компаниите и регулаторите долго ја критикува улогата на Apple како единствен извор на софтвер за iPhone и iPad уредите, кој одзема 30% од сите трансакции на платформата. Меѓутоа, Apple одново и одново ја бранеше својата политика, наведувајќи ја како причина безбедноста на корисниците и истакнувајќи го релативниот недостаток на малвер на iOS уредите, во споредба со другите поотворени оперативни системи.

Пресвртницата во политиката на компанијата е обавеза која е наметната од законот за дигитален пазар, кој ЕУ го донесе во ноември. ЕУ го осмисли овој закон со цел да ги спречи Apple и Google своите корисници да ги затвори во „оградени дворови“, како што често се опишува екосистемот на компанијата Apple, па новиот закон ќе ги спречи технолошките гиганти да ги обврзуваат своите корисници на сопствените дистрибутивни канали или на начинот на плаќање.

Сепак, новите европски правила уште не се обврзувачки. ЕУ нема да ги применува до средината на 2023 година, а последиците од прекршувањата на истите ќе се применуваат дури од 2024 година. Според тоа, Apple уште некое време нека да ја менува својата политика.

Некои компании кои работат со iOS веќе видоа бенефит во новостите дека Apple работи на отворање на својот оперативен систем. Цената на акциите на компанијата Spotify рипна за 1,5% откако Bloomberg ги изнесе овие инсајдерски информации. Оваа платформа за стримување музика моментално не дозволува претплата преку iOS апликацијата поради надокнадата од 30%, па дистрибуцијата на апликации надвор од App Store сигурно би го решила овој проблем. Истото може да се каже и за другите претплатнички сервиси, а несомнено е дека поради одлуката на ЕУ Apple ќе остане без голема количина на приход.

Apple претходно потврди дека ќе го почитува законот на ЕУ за користење на USB-C, уште една одлука со која Европската Унија ја натера оваа комапнија да ја смени својата политика.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Софтвер

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more
 

Гик

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе