Apple го претстави новиот MacBook Air направен од рециклиран алуминиум

По цели три години, Apple претстави нова, подновена верзија на MacBook Air. Новото издание на ултратенкиот лаптоп ќе има неколку технички подобрувања, но највпечатливо е дека тој заедно со Mac mini ќе бидат произедени од 100% рециклиран алуминиум.

Новиот MacBook Air е достоен наследник на моделот од 2015 година, но доаѓа по прилично висока цена од 1.199 долари за основниот модел.

Оваа нова верзија пристигнува со Retina дисплеј, 50% потенки рабови, идентичен дизајн како добро познатиот MacBook и неколку технички надградби. Има 13,3-инчен екран кој се протега до самиот крај на маската, два USB-C портови и тежи само 1,2 килограми, што е полесно дури и од претходниот MacBook Air, кој тежеше 1,5 килограми.

Новиот MacBook Air има и Touch ID за посигурно логирање и е опремен со истиот T2 чип кој го поседуваа и минатогодишните MacBook Pro и iMac Pro модели. Сепак, нема Touch Bar, што можеби е и добра работа бидејќи повеќето од корисниците реагираа дека Touch Bar-от на MacBook Pro е комплетно непотребен.

Уредот поседува осма генерација на процесор Gen Intel dual-core со интегрирана графичка картичка, максимум 16GB RAM и 1,5TB внатрешна меморија. Основниот модел со 8GB RAM, 1,6 GHz Core 15 и 128GB внатрешна меморија е произведен од 100% рециклиран алуминиум и е достапен во продажба уште денеска по цена од 1,199 американски долари.

реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе