„Apple“ ја изгуби тужбата со компанијата „VirnetX“, која ги тужеше поради прекршување на правилата за патенти во рок од цели 5 години.
Помалата компанија „VirnetX“ која се занимава со патентирање на нови технологии ги доби сите помали тужби над „Apple“ и американскиот технолошки гигант мораше да им исплати 440 милиони долари.
Тужбата се однесува на поеднинечни технологии кои „Apple“ ги користел на нивните уред iPhone, iPad и iMac.
Од 2010 година па досега, „VirnetX“ има земено повеќе од 600 милиони долари од тужбите против „Apple“.
„Apple“ смета дека „VirnetX“ не е компанија која се бори за да се натпреварува на полето на технологијата, туку дека нивната идеја е да ги тужат поголемите компании за патенти кои тие и не знаат да ги разработат.