На корисниците ќе им биде дадена опција да изберат помеѓу неколку гласови, што според Apple би требало да звучи уште поприродно од досегашната „подобрена“ Siri.

Siri наскоро може да зборува како друга личност и тоа не само со женски глас. Дигиталниот асистент на Apple ќе воведе уште два гласа на англиски јазик, обезбедувајќи дополнителен избор на корисниците на уредите iOS и HomePod, пренесува Techcrunch.
Apple дури ангажираше нови актери за да ѝ дадат глас на Siri и тие снимки ги помина низ Neural text to speech engine, систем за создавање уверлив компјутерски говор.
Ова не е единствената добра вест за Siri во iOS 14.5. Со доаѓањето на најновата бета верзија, гласовите на Siri во Ирска, Италија и Русија исто така ги добија придобивките од адаптивниот изговор, со што бројот на јазици се користат со ова подобрување во рамките на iOS се зголемува на 38.