Мобилни

Apple ќе прави екрани на исто место како Huawei?

22. август 2019 - 10:19 | М.С.

Американската компанија Apple е во завршна фаза да ги сертифицира екраните на кинескиот производител BOE Technology Group за своите iPhone телефони, затоа што сака да ја намали зависноста од Samsung, пишува јапонскиот весник Nikkei.

Apple до крајот на оваа година ќе одлучи дали ќе ја ангажира BOE како добавувач на OLED екрани.

Компанијата BOE стана позната откако Huawei соработува со неа. Мate 20 Pro имаше проблеми со екранот, па се испостави дека екраните кои ги произведува LG се со полош квалитет, а екраните од BOE немаа никаков проблем. Huawei ги користи само BOE екраните, а ако оваа вест е точнa, наскоро ќе започне и Apple.

Коментирај