Apple купува компанија на секои три до четири седмици

„Apple купи околу 100 компании во последните шест години“, откри извршниот директор на компанијата Тим Кук, пренесе BBC.

„Тоа значи дека, во просек, се купува компанија на секои три до четири недели“, рече тој на годишното собрание на акционерите на Apple.

Apple неодамна ги обезбеди своите најголеми квартални приходи на сите времиња, достигнувајќи 111,4 милијарди долари во првиот квартал од фискалната 2021 година.

Кук на состанокот на акционери изјави дека аквизициите се насочени првенствено кон стекнување технологија и талент.

Најголемата зделка на Apple во последната деценија беше купувањето на „Beats Electronics“, производител на слушалки основан од раперот и продуцент Доктор Дре, вреден три милијарди долари.

Друга голема набавка беше компанијата за софтвер за препознавање музика Shazam, вредна 400 милиони долари, во 2018 година.

Најчесто, Apple купува помали технолошки компании, а потоа ги вметнува нивните иновации во сопствените производи. Таков пример е PrimeSense, израелска компанија за 3Д сензори чија технологија придонесе за FaceID на Apple.

Списокот на аквизиции и инвестиции на Apple е исклучително разновиден.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе