Apple може да го купи Netflix годинава

Шансите дека технолошкиот гигант Apple ќе го купи Netflix само што се зголемија за 40%. Според извештајот од аналитичарите на Citi, тоа се должи на намалувањето на корпоративниот данок што го воведе претседателот на САД, Доналд Трамп.

Според Business Insider, новите измени во законот за корпоративен данок ја олеснуваат процедурата со која Apple би можела да ја купи компанијата Netflix.

Извештајот вели дека Apple има богатство од околу 252 милијарди долари кои се складирани на сметки надвор од САД, а ќе им бидат потребни „само третина од овие пари“ за да го купи Netflix, чија цена расте од ден на ден.

Шпекулациите дека Apple би можел да ја направи оваа инвестиција траат веќе повеќе од една година, но Netflix не сака да потврди дека официјален интерес постои помеѓу двете компании. Сепак, експертите сметаат дека новите измени на законите за данок комплетно ја менуваат ситуацијата и сега е 40% поверојатно дека оваа зделка ќе се случи до крајот на календарската година.

Apple има проблеми со пласирање на оригинална содржина на нивните платформи, што се должи на ограниченоста на iTunes платформата. Затоа, од компанијата гледаат на Netflix како отскочна даска каде би можеле да застапат многу повеќе оригинална содржина, па можеби и самите да ја продуцираат.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе