Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Apple конечно им дозволува на корисниците на iPhone да ја изберат нивната стандардна апликација за навигација - но ова важи само за Европската Унија.

Со новото ажурирање на iOS 18.4, корисниците ќе можат да ja заменат Apple Maps со апликации како Google Maps или Waze кога отвораат адреси или бараат насоки.

За да ја промените стандардната апликација за навигација, треба да отидете на: Поставки → Апликации → Стандардни апликации → Навигација и изберете ја саканата услуга.

Оваа опција доаѓа како дел од усогласувањето на компанијата со Законот за дигитални пазари (DMA) донесен од Европската Унија. Овој закон бара големите технолошки компании да им дадат на корисниците поголема слобода во изборот на апликации за основните функции.

Сепак, промената се однесува само на корисниците во ЕУ, додека сопствениците на iPhone во остатокот од светот сè уште немаат опција да ја изберат стандардната навигација. Apple официјално не објасни зошто оваа функција не е достапна на глобално ниво, но се претпоставува дека причината е од регулаторна природа, а не порадии технички ограничувања.

Иако опцијата за навигација останува ограничена само на Европа, iOS 18.4 носи уште една нова функција за сите корисници - можност за избор на стандардната апликација за превод. Тоа значи дека ќе може да се користи Google Translate или друга услуга наместо апликацијата Apple Translate.

Ова е мал чекор кон поголема прилагодливост на iPhone, но многу корисници се надеваат дека Apple во иднина ќе овозможи уште поголема слобода во изборот на основните апликации.

Ажурирањето на iOS 18.4 моментално е во бета тестирање и се очекува да биде официјално достапно на почетокот на април. Сè уште не е познат точниот датум, но би требало да пристигне во првите неколку недели од месецот.

Тагови
реклама

Вести

Скелет стар 2 милиона години откри неочекувани мајмунолики особини кај раните луѓе

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Read more

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Read more
 

Гик

Скелет стар 2 милиона години откри неочекувани мајмунолики особини кај раните луѓе

Читај повеќе

iPhone Fold би можело да користи течен метал

Читај повеќе

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Читај повеќе

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

Читај повеќе

Микрогравитацијата на МВС им помага на вирусите да ги победат бактериите отпорни на лекови

Читај повеќе

Како да го спречите Google да ве следи?

Читај повеќе

Apple со важно предупредување за сите корисници на iPhone

Читај повеќе

Првата офшор ветротурбина од 20 MW инсталирана во Кина, ќе напојува 40.000 домови

Читај повеќе

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе