Apple нуди нов евтин iPhone: Колку ќе чини?

Следната година Apple конечно ќе го претстави освежениот iPhone SE, за кој многу слушавме во изминатите месеци.

Новите гласини од Јужна Кореја тврдат дека новиот iPhone SE ќе има почетна цена од 499 долари, што е 300 долари помалку од цената на стандардниот модел iPhone 16.

Доколку информациите се покажат како точни, моделот SE ќе биде многу конкурентен и примамлив телефон за оние кои бараат подостапен iPhone.

Претходниот iPhone SE, кој беше лансиран во 2022 година, имаше почетна цена од 429 долари. Новиот модел би чинел 70 долари повеќе, но се очекува да спроведе голем број надградби и нови функции.

Така, се верува дека новиот iPhone SE ќе има чипсет A18, 8GB RAM за поддршка на функциите на Apple Intelligence, 6,06-инчен OLED екран, главна камера од 48MP и селфи сензор од 12MP.

Кога станува збор за дизајнот, се очекува да личи на iPhone 14, вклучувајќи и исечок за предната камера и Face ID сензори.

Гласините посочуваат дека iPhone SE 2025 треба да ги позајми чипсетот, количината на меморија и главната камера од моделот iPhone 16 и дека корисниците што ќе ги привлече нема да обрнуваат премногу внимание на широката рамка околу екранот и недостатокот на ултраширока камера.

Тагови
реклама

Хаџибегиќ: Да го реализирав тој пенал, немаше да има војна во Југославија

Read more

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Read more

Украина: Севернокорејците се вратија во Курск, напаѓаа 16 часа без престан

Read more

Должи 28.000 долари за казни, а нема ни автомобил

Read more

Мобилни

Серија Redmi Note 14 – со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци

Read more

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Read more

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Read more

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Read more
 

Гик

Google Messages ќе поддржува видео повици од WhatsApp

Читај повеќе

Дали знаете кое од седумте чуда на древниот свет сè уште не е откриено?

Читај повеќе

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе