Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod.

Уредот е наменет да прави сѐ како паметен телефон, но без досадни повици и СМС пораки кои го „расипуваат“ корисничкото искуство. Исто така, на него може да се складира музика, клипови и книги, главната забележлива разлика во однос на стариот модел е што служи и како куќиште за безжични слушалки.

На овој начин, практичната футрола за слушалките AirPods би била претворена во iPod.

Сепак, сè уште не е познато дали уредот навистина ќе се најде на пазарот, бидејќи многу патенти никогаш не „го гледаат светлото на денот“.

Во јули 2017 година, Apple ги прати iPod Shuffle и Nano во историјата, а беа објавени и два модела на iPod Touch со двојно поголем капацитет.

Сепак, во август 2020 година се појавија гласини дека Apple соработува со владата на развој на „таен“ iPod. Поранешен софтверски инженер на Apple, кој работел за компанијата 18 години, ја сподели приказната за тоа како Apple му помогнал на американското Министерство за енергетика да го измени iPod од петтата генерација за тајно да снима и складира податоци.

Наводно, приказната потекнува од 2005 година, кога „под носот“ на поранешниот извршен директор на Apple, Стив Џобс, се развивал „специјален iPod“ а за проектот знаеле само четворица.

Тагови
реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе