Apple подготвува огромен iPad, преклопниот iPhone доаѓа најрано во 2026 година

Познатиот новинар на Bloomberg, Марк Гурман, тврди дека преклопниот iPhone на Apple, паметен телефон за кој се зборува долго време, нема да стигне на пазарот барем до 2026 година.

Гурман вели дека Apple подготвува „огромен iPad кој кога ќе се отвори е со големина на два iPad Pro поставени еден до друг“. Овој уред е во развој и треба да се најде во продажба „околу 2028 година“.

Раните прототипови на преклопливиот уред на Apple напредуваа во однос на хардверот, така што браздата на екранот е речиси незабележлива. Според изворите на Гурман, Apple се одлучил за големина поблиску до 20 инчи кога уредот е целосно отворен. Точната големина на екранот може да биде 18,8 инчи.

Овој уред ќе биде сличен на она што Microsoft го замислил со својот Surface Neo модел, односно она што Lenovo го договорил со Yoga Book 9i моделот. Главната хардверска разлика е во тоа што Apple сака да има единствен, „беспрекорен дисплеј“ без видливи шарки напред. Тоа изгледа многу како моделот ThinkPad X1 Fold од 2022 година.

Првиот преклопен уред на Apple најверојатно ќе пристигне со iPadOS или малку поинаква верзија на тој оперативен систем.

Меѓутоа, додека Apple напредува со преклоплив iPad, Гурман исто така ги откри плановите за преклоплив iPhone, кој нема да се појави на пазарот пред 2026 година.

Претходните извештаи сугерираа дека Apple има намера да произведе уред со стил на преклопување, дизајн што ја карактеризира серијата Galaxy Z Flip на Samsung.

Тагови
реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Мобилни

Серија Redmi Note 14 – со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци

Read more

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Read more

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Read more

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе