Apple подготвува промена за iPhone 15 Pro од која многумина стравуваат

Сè повеќе се шпекулира за претстојната серија на iPhone 15, а сега се појавија нови гласини.

Најновите информации сугерираат дека моделите на iPhone 15 Pro би можеле да добијат поскапување, што ќе се случи за прв пат од 2017 година.

Во својот извештај, аналитичарот Џеф Пу посочи можно зголемување на цената за моделите iPhone 15 Pro и 15 Pro Max. Тој вели дека причината за поскапувањето би можело да биде додавањето на голем број подобрувања на новиот iPhone.

Овие подобрувања може да вклучуваат изработка од титаниум, цврсти копчиња за вклучување и јачина на звук, перископски објектив, повеќе RAM и побрз USB 3.2 Type-C порт. Дополнително, телефоните ќе ја користат стратегијата на Apple за имплементирање на различни чипови во модели со и без Pro во името, при што моделите Pro најверојатно ќе користат чипсет A17 Bionic.

Remote video URL

Ова не е првпат да слушаме за можно зголемување на цената на моделите на iPhone 15 Pro. Претходниот извештај сугерираше дека iPhone 15 Pro ќе има почетна цена од 1.099 долари, додека 15 Pro Max би можел да чини 1.199 долари во основната верзија.

Станува збор за зголемување од околу 100 долари, што ќе налути многу корисници. Останува да видиме дали тоа ќе се одрази на моделите iPhone 15 и 15 Plus.

Секако, како и секогаш, новостите од овој тип треба да се земат со резерва бидејќи има уште неколку месеци до објавувањето на серијата iPhone 15.

Тагови
реклама

Детална астро анализа до 31 мај за секој хороскопски знак

Read more

Надзорните камери на трговскиот во Харков го снимија моментот на нападот, 16 мртви

Read more

Која храна треба да ја јадеме често за природно зајакнување на имунитетот?

Read more

Зелката е новата суперхрана на годината

Read more

Мобилни

Познати спецификациите на смартфоните Honor 200 и Honor 200 Pro

Read more

Poco F6 и F6 Pro се појавија на пазарот

Read more

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Read more

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more
 

Гик

Гавраните знаат да бројат на глас

Читај повеќе

Apple подготвува екрани кои сами ќе се поправаат?

Читај повеќе

Познати спецификациите на смартфоните Honor 200 и Honor 200 Pro

Читај повеќе
  • filter

Poco F6 и F6 Pro се појавија на пазарот

Читај повеќе

Стигнаа нови емотикони: уморно смајли, харфа, лопата...

Читај повеќе

Дали веројатноста доаѓа од квантната физика?

Читај повеќе

Ray-Ban Meta очилата можат да прикачуваат фотографии директно на Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот лаптоп на Microsoft разговара со корисникот и е 58% побрз од MacBook Air

Читај повеќе

Кина ќе претвора кујнски отпад во гориво за бродови

Читај повеќе