Бизнис

Apple повеќе не е најскапата компанија

1. декември 2018 - 10:54 | МИА

Пазарната вредност на Microsoft ја надмина вредноста на Apple за првпат по осум години.

Цената на акциите на овој софтверски гигант во последно време расте, додека акциите на Apple се под притисок поради информации за успорување на растот на продажбата на iPhone.

Цената на акциите на Microsoft се зголеми вчера на Волстрит за 0,6 отсто, на околу 11 долари, со што неговата пазарна вредност изнесува 851,2 милијарди долари.

Од друга страна, цената на акциите на Apple намалена за 0,5 отсто на 178 долари и неговата пазарна вредност сега е 847,4 милијарди долари.

Apple со години е најголема американска компанија по пазарна вредност, и беше пред Microsoft од 2010 година.

Amazon на Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, е на трето место.

Коментирај