Apple сепак го враќа евтиниот iPhone

Apple наводно повторно работи на следната генерација на телефонот iPhone SE.

Според аналитичарот Мингчи Куо, и покрај претходните извештаи дека Apple ја прекина работата на телефонот iPhone SE 4, се чини дека компанијата сепак го ресетирала проектот.

Куо истакнува дека iPhone SE 4 ќе има OLED дисплеј, кој за прв пат ќе биде имплементиран во нискобуџетната линија телефони на компанијата, како и 5G модем дизајниран од Apple.

Аналитичарот предвидува дека телефонот ќе биде повеќе или помалку модификација на моделот iPhone 14 од 6,1 инчи и дека би требало да се произведува на почетокот на 2024 година.

URL

Не е познато дали ќе користи некои од премиум функциите од моделот iPhone 14, како што се Emergency SOS преку сателит, Face ID и систем со двојна камера со ноќен режим. iPhone SE од третата генерација ги немаше сите споменати функции.

Интересно, новиот извештај е сосема спротивен од она што Куо го објави во јануари, кога истакна дека iPhone SE 4 е одложен и дека Apple ќе користи Qualcomm чипови за iPhone 15 и 16.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Мобилни

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Apple подготвува промена за iPhone 15 Pro од која многумина стравуваат

Read more

Samsung ги претстави Galaxy A54 и Galaxy A34

Read more

Huawei на 21 март ќе ја претстави серијата P60 и Mate X3

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе