Apple веќе нема да го произведува iMac Pro, нивниот најмоќeн компјутер.
Овој модел се продава за 4.999 долари и е достапен на веб-страницата на Apple, а ќе биде достапен додека да се продаде преостанатата залиха.
Во одговор за CNN рекоа дека веќе нема да го произведуваат iMac Pro чија продажба започна во 2017 година.
Компјутерот беше наменет за дизајнери, архитекти и инженери.
Од Apple се подготвуваат за производство на новиот iMac кое треба да започне оваа година, пишува Bloomberg.