Apple воведува промени со кои ќе наплаќа без да праша

Apple одлучи на корисниците автоматски да им се наплаќа зголемена цена за претплата, дури и без дозвола.

Претходно оваа година, Apple тестираше нова функција која ќе им овозможи на девелоперите да наплаќаат зголемени цени преку автоматско обновливи претплати. Иако оваа програма беше ограничена на избрани девелопери, компанијата сега ги воведува овие промени за секого, со одредени ограничувања.

Во моментов, кога девелоперот ќе ја зголеми цената, корисниците мора да потврдат дека ќе продолжат да ја плаќаат претплатата, во спротивно таа автоматски се откажува. Со новото ажурирање на продавницата, корисниците сепак ќе бидат известени, но зголемените цени ќе се наплаќаат и без дозвола на корисникот.

Според компанијата, на својата страница за девелопери на Apple, ќе има одредени ограничувања за да се спречи злоупотреба на оваа функција. На пример, девелоперите ќе може да ја зголемат цената само еднаш годишно.

Другите ограничувања вклучуваат максимално зголемување од 5 долари месечно и 50 долари годишно. Во такви ситуации, Apple ќе ги известува корисниците за новата цена преку е-пошта, известувања и предупредувања во самата апликација. Корисниците исто така ќе имаат лесен пристап до опцијата за откажување на претплатата доколку сакаат.

Ако цената на претплатата се зголеми над максималната граница, корисниците ќе мора повторно да се претплатат. За корисниците кои нема да го направат тоа, претплатата нема да се обнови во следниот период на наплата.

„Претплатата со автоматско обновување е одличен начин да им се овозможи на луѓето пристап до содржината, услугите или напредните функции во вашата апликација. Apple продолжува да дава пример за транспарентност и им олеснува на претплатниците да ги прегледуваат, откажуваат или управуваат со нивните претплати. Нашиот сеопфатен пристап вклучува испраќање е-пошта, известувања и предупредувања во апликацијата, за да ги информираме претплатниците за претстојните промени и начините на кои можат да управуваат со нивните претплати или да ги откажат ако сакаат“, се вели во соопштението на девелоперите.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Вести

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе