Филм & ТВ

„Aquaman“ на пат до нов рекорд, откако заработи повеќе од милијарда долари

6. февруари 2019 - 14:41 | К.З.

Иако очекувањата не можеа да бидат помали, „Aquaman“ стана еден од најуспешните филмови на сите времиња, заработувајќи повеќе од 1,1 милијарда долари и со тоа го надмина „The Dark Knight Rises“ на листата на филмови на DC Comics со најголема заработка на сите времиња.

 А сега, „Aquaman“ е на пат да собори уште еден рекорд – тој набрзо ќе има најголема заработка од сите филмови кои излегоа во последните осум години, а кои не се во сопственост на студијата Disney или Universal.

Во моментов тој рекорд го држи „Skyfall“, едно од продолженијата во сагата за тајниот агент Џејмс Бонд, со заработка од 1,109 милијарди долари на светскиот боксофис. Но, предвидувањата на аналитичарите велат дека „Aquaman“ ќе ја надмине оваа бројка уште во текот на оваа недела.

Ако зборуваме за листата на филмови со најголема заработка на сите времиња, кои не се во сопственост на Disney или Universal, „Aquaman“ во моментов се наоѓа веднаш зад „Lord of the Rings: The Return of the King“ (1,112 милијарди), „Transformers: Dark of the Moon“ (1,124 милијарди) и „Harry Potter and the Deathly Hallows Part II“ (1,341 милијарди). На самиот врв се наоѓаат „Titanic“ (2.187.483.944 долари) и „Avatar“ (2.787.965.087 долари), кои и двата се дело на режисерот Џејмс Камерон.

Она што е интересно е дека Disney и Universal се одговорни за секој поголем филмски хит во текот на изминатите шест години, почнувајќи со „Iron Man 3“ во 2013 година. Во тој период, од понудата на Disney најмногу заработи„Star Wars: The Force Awakens“ (2,048 милијарди), додека од Universal најмногу заработи „Jurassic World“ (1,671 милијарди)

Коментирај