Хроника

Арачиновец истрелал проектил кон соселанец поради тоа што ја раскинал веридбата со ќерка му

24. мај 2018 - 11:51 | МИА

Скопје, 24 мај 2018 (МИА) - Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на ул „18“ застанал со моторното возило Fiat Punto кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.

Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира дека причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Коментирај