Вработен од обложувалница спречил грабеж откако му ја затворил вратата на крадецот.
Б.М. вработен во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана во населба Хром на ул.„Адолф Циборовски“, пријавил дека засега непознато лице со маска на главата, а во раката држело торба и пиштол, се обидело да влезе во обложувалницата.
Откако пријавителот го забележал ја затворил вратата и не го пуштил внатре.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.