Филм & ТВ

Арџенто се заканува: Ќе поднесам тужба поради лагите за сексуални напади

20. септември 2018 - 14:25 | М.Д.

Азија Арџенто бара од актерката Роуз Мекгован, која е само една од жените кои го обвинија холивудскиот продуцент Харви Вајнстин за сексуално злоставување, да и се извини бидејќи шири „застрашувачки лаги“ за неа. Во спротивно, Мекгован ќе се соочи со законски последици, најавува италијанската актерка.

„Со жалење те известувам дека имаш 24 часа да повлечеш се што кажа за мене и да се извинеш поради сите лаги кои ги ширеше за мене за сексуални напади, во спротивно следува тужба“, напиша Арџенто на Twitter.

Доколку Мекгован не се извини, како што додаде италијанската актерка, која е обвинета за сексуално злоставување на малолетна личност, таа ќе мора да се соочи со законски последици.

Ниту една од овие две актерки не одговори на прашањето на магазинот „People“, во врска со понатамошните чекори.

Мекгован беше една од главните сојузнички на италијанската актерка како што растеше движењето #MeToo, кое се однесува директно против холивудскиот продуцент Харви Вајнстин. Арџенто, инаку е помеѓу првите актерки која призна дека Вајнстин ја силувал.

Меѓутоа, Мекговен се огради од италијанската актерка откако во јавноста излезе информацијата дека Азија му платила 380.000 долари на едно момче, за тој да не зборува во јавноста за наводното сексуално злоставување на овој малолетник.

Имено, 22-годишниот актер Џими Бенет тврди дека италијанската актерка сексуално го злоставувала во една хотелска соба во Калифорнија, кога имал 17 години.

Арџенто ги негираше сите овие обвиненија, но Мекгован одлучи да се огради од неа.

„Се знаеме 10 месеци. Она што ни беше заедничко е болката која ја делевме од злоставувањето на Вајнстин. Срцето ми е скршено. Ќе продолжам да се борам за правата на жртвите насекаде“, изјави Мекгован кога се дозна за обвиненијата на Џими Бенет на сметка на италијанската актерка.

Откако Азија Арџенто демантираше дека имала секс со помладиот колега Џими Бенет, во странските медиуми кон крајот на минатиот месец беа објавени нивни слики од кревет.

Порталот „TMZ“ дојде и до пораки, во кои Арџенто му кажува на пријател дека имала секс со Бенет, а дека дури подоцна дознала дека тој е малолетник.

Исто така, овој портал објави една фотографија која ја направил младиот актер, а на која се гледаат и двајцата голи во кревет.

Коментирај