Арета Френклин во критична состојба, докторите се борат за нејзиниот живот

Соул пејачката Арета Френклин (76) се наоѓа во критична состојба и во моментов престојува во болница во Детроит, каде се наоѓа и нејзиното потесно семејство. Тие се подготвуваат за најлошото, како што тврдат американските медиуми, бидејќи докторите немаат светли предвидувања за состојбата на пејачката.

„Кралицата на соулот“, како што е позната Арета во музичките кругови, веќе со години се бори со срцеви заболувања и често се наоѓа под докторска нега.

Арета Френклин настапуваше во живо до минатата година, но во последниот период откажа голем број концерти поради нејзината здравствена состојба, која изгледа дека се влошува од ден на ден. Нејзиниот последен настап беше на 2 ноември 2017 година, кога пееше на фестивалот организиран од страна на фондацијата на Елтон Џон.

„И понатаму ќе продолжам да снимам музика, но оваа година ќе биде последната во која настапувам пред публика“, рече пејачката во февруари оваа година.

Новинарот на NBC Филаделфија, Хари Херстон, тврди дека зборувал со член на нејзиното потесно семејство кој му кажал дека Арета не е во добра здравствена состојба и дека ситуацијата се влошува во секој момент.

Познатата пејачка имаше здравствени проблеми во текот на целиот живот, борејќи се со прекумерна тежина, алкохолизам и зависност од цигари. Во 2011 година се појавија гласини дека таа боледува од рак на панкреасот, но таа тоа го негираше.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе