КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Аргентина без Меси го понижи Бразил и се пласираше на Светското првенство

Фудбалерите на Аргентина со високи 4:1 го совладаа Бразил во 14. коло од јужноамериакнските мундијалски квалификации.

Иако светските шампиони настапија без капитенот Лионел Меси, тоа не се одрази на нивниот настап и ја забележаа десеттата победа во квалификациите.

Сѐ беше решено по само 37 минути игра. Аргентина поведе во 4. минута со голот на Хулиан Алварес, а само осум минути подоцна во листата на стрелци се запиша Енцо Фернандес.

Матеус Куња во 26. минута намали на 2:1, што воедно беше и единствениот удар на Бразил кон голот на натпреварот, а во 37. минута Алексис Мак Алистер погоди за 3:1 и практично го реши прашањето за победникот.

Конечниот резултат од 4:1 беше на Џулиано Симеоне во дебито за националниот тим.

Remote video URL

Аргентина со оваа победа обезбеди пласман на Светското првенство и навивачите низ Буенос Аирес и другите аргентински градови веќе можат да го испланираат своето патување на во Канада, Мексико и САД.

Заедно со Аргентина и земјите домаќин Канада, Мексико и САД, пласман на Мундијалот обезбедија и Јапонија, Нов Зеланд и Иран.

Ноќеска се одиграа уште четири натпревари од јужноамериакснакта зона, а во три немаше победници

Резултати:

Боливија - Уругвај 0:0

Чиле - Еквадор 0:0

Аргентина - Бразил 4:1
4' Хулиан Алварес, 12' Енцо Фернандес, 37' Алексис Мак Алистер, 71' Џулиано Симеоне - 26' Матеус Куња

Колумбија - Парагвај 2:2
1' Луис Диас, 13' Џон Дуран - 45'+4 Хуниор Алонсо, 62' Хилио Енсисо

Венецуела - Перу 1:0
41' (п) саломон Рондон

Табела:

реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе