Аргентина во страв: Дибала веројатно го пропушта Мундијалот

Солзите  на лицето на Пауло Дибала на клупата на Рома не беа поради тоа што ќе ги пропушти наредните натпревари на неговиот клуб, туку затоа што сега во прашање е доведено и неговото учество на светскиот собир во Катар.

Аргентинскиот напаѓач реализираше пенал во победата на Рома од 2:1 над Лече, но наместо да го слави голот тој се фати за ногата и направи болна гримаса на лицето. Очигледно при шутот веднаш почувствува дека нешто истегнал и почна да цупка, излезе вон теренот и побара замена додека соиграчите му честитаа за голот.

Го седнаа на клупата за резерви и веднашп му ставија мраз на болното место, додека Дибала не можеше да ги сопре солзите, не поради болка, туку поради тоа што добро знае колку сериозна може да биде таквата повреда, а за 40 дена го чека Мундијал.

Remote video URL

По натпреварот Жозе Мурињо говорејќи за DAZN изјави дека не верува дека Дибала повторно ќе заигра за Рома годинава. Тоа не значи дека не би се вратил за Мундијалот, туку дека од почетокот на ноември следува пауза поради истиот, а Калчото ќе продолжу дури во јануари 2023 година.

„Велам лошо, но мислам дека е многу, многу лошо. Не сум доктор, но со моето искуство, и според она што го слушнав зборувајќи со Пауло, мислам дека нема да го видиме годинава“, рече Мурињео, очигледно песимист за враќањето на Дибала.

URL

Сериозноста на повредата на Дибала допрва треба да се дознае откако ќе се направат потребните медицински испитувања.

Серија А продолжува до 13 ноември за кога е закажано последното коло пред мундијалската пауза. Аргентина првиот натпревар на Мундијалот го има на 22 ноември против Саудиска Арабија.

Останува да видиме колку е сериозна повредата на Дибала и дали ќе се опорави на време. Аргентина, репрезентацијата која на последниот Мундијал на Лео Меси е со шампионски амбиции, стравува за негово неиграње во Катар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе