Аргентина во жалост: Замина Тата Браун, шампионот од 1986

Ѝ даде гол на Западна Германија во финалето на Мундијалот во Мексико 1986 каде Аргентинците предводени од Марадона последен пат триумфираа на еден планетарен собир.

Хосе Луис Браун, легендарниот централен бек на Аргентина почина после долго боледување од Алцхајмер на 62-годишна возраст.

Популарниот Тата заедно со Оскар Ружери и имењакот Хосе Луис Кучуфо беше бедемот пред голот на Нери Пумпидо на Мундијалот во 1986 година кога Аргентина со 3:2 ја совлада Западна Германија и по втор и последен пат стана светски шампион.

Токму Тата го отвори резултатот во 23. минута, а потоа Хорхе Валдано и Хорхе Буручага ја запечатија победата на Аргентинците.

Браун на клупски план најмногу играше за Естудијантес каде со над 300 натпревари стана легенда, потоа и за Атлетико Насионал, Бока Жуниорс, Депортиво Еспањол, Брест, Мурсија и Расинг. За Аргентина одигра 36 натпревари и постигна еден гол, токму оној во финалето.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе