Аргентинци запалија посмртен ковчег со ликот на Мбапе

Килјан Мбапе пред Мундијалот ги навреди Јужноамериканците, па сега му се одмаздуваат на најразлични начини.

Аргентина стана светски шампион откако во драматичното финале ја победи Франција на пенали. Беше 2:2 во регуларниот дел, 3:3 по 120 минути игра, по што „Албиселесте“ на пенали славеа со 4:2. Троен стрелец на тој натпревар беше Килјан Мбапе, а оттогаш е и на мета.

Прв го прозиваше аргентинскиот голман Емилиано Мартинес кој во соблекувалната побара минута молк за францускиот напаѓач, а потоа на парадата во Буенос Аирес носеше кукла со неговиот лик.

Сега од Аргентина дојдоа и шокантни снимки на кои се гледа како навивачите во Буенос Аирес направиле посмртен ковчег, а на него залепиле слика од Мбапе. На крајот сето тоа го запалија. И тоа се случи токму на денот на 24. роденден на Мбапе - 20 декември.

URL

Сјајниот напаѓач е на голем удар на Аргентинците поради неговата изјава пред Мундијалот кога рече дека пехарот сигурно ќе го освои европска репрезентација бидејќи фудбалот во Јужна Америка е помалку квалитетен.

„Аргентина и Бразил немаат такво ниво на натпреварување. Во Јужна Америка фудбалот не е развиен како во Европа и затоа гледате дека Мундијалите секогаш ги освојуваат Европејци“, рече Мбапе.

Дека со таа изјава ги налути сите на овој континент, а не само Аргентинците, прв му порача чилеанскиот фудбалер Артуро Видал. Веднаш откако Аргентина во финалето ја совлада Франција, Видал му порача да „учи од Јужноамериканците“ бидејќи според неговите зборови „тие го измислиле фудбалот“.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Read more

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе