Вести

Археолози отворија саркофаг стар 2.500 години во живо на ТВ

8. април 2019 - 18:12 | А.С.

Во Египет беше откриена мумија на висок свештеник стара 2.500 години, во гробница јужно од Каиро, што беше пренесувано во живо на Discovery Channel.

Египтологот Захи Хавас и египетскиот тим археолози отворија три запечатени саркофази за кои се смета дека припаѓаат на 26-тата египетска династија.

Во еден од саркофазите била најдена добро зачувана мумија на висок свештеник, завиткана во платно и украсена со златна фигура на Исис, древната египетска божица на магичните моќи и здравјето.

Тимот ги отвори и другите два саркофази – во едниот има мумија на ѓена украсена со сини бисери, а во другиот мумија на таткото во семејната гробница.

Египетските археолози го открија археолошкиот локалитет пред година и пол, а ископувањата уште траат.

„Сметам дека во овој локалитет треба да се ископува уште 50 години“, рече Хавас.

На истото наоѓалиште во 1927 година беше најден голем варовнички саркофаг што е изложен во Египетскиот музеј во Каиро, но локалитетот набрзо потоа беше заборавен.

Коментирај