Музика

Аријана Гранде се сврши по еден месец во врска

12. јуни 2018 - 16:45 | А.С.

Американската пејачка Аријана Гранде одговараше на твитови на нејзините обожаватели во врска со шпекулациите за нејзината свршувачка со комичарот Пит Дејвидсон и се чини ја потврди веста.

Како одговор на твитот „Се надевам знае дека стапува во брак со сите нас“, мислејќи на сите нејзини обожаватели, Аријана (24) одговори: „Хахаха, известен е“.

Пит, кој се прослави како најмладиот комичар ангажиран во шоуто Saturday Night Live, неодамна ги покажа двете тетоважи посветени на Аријана – нејзините иницијали и логото со зајачки уши.

Аријана и Пит ја официјалиираа врската во мај, откако и двајцата само што излегоа од други врски.

Таа се забавуваше со раперот Мек Милер, а Пит беше во врска со Кази Дејвид, ќерката на комичарот Лари Дејвид.

Аријана иссто така одговори на твит во кој ја нарекоа „Госпоѓа Дејвисон“ и на твит во кој нејзин обожавател рече дека нивната ссвадба ќе биде попопуларна од кралската венчавка.

Пејачката неодамна изјави дека има посттрауматски стрес од терористичкиот напад во Манчестер лани кога 22 луѓе загинаа на нејзиниот концерт и рече дека никогаш нема да може да зборува за тој настан без да се расплаче.

Коментирај