Археолози тврдат дека го нашле гробот на викингшкиот крал Синозабиот

Со години, археолозите ги мачеше локацијата на гробницата на легендарниот крал со сини заби, чие име послужи како инспирација за технологијата блутут (bluetooth), додека пред неколку години не се појави вредна трага.

Одамна се бара гробот на викиншкиот крал со темносини заби. Харалдр (на рунски ᚼᛅᚱᛅᛚᛏᚱ) Гормсон (Haraldr Gormsson), наречен Блатон (Blátǫnn - Синозабиот) владеел со Норвешка од околу 970 до околу 975 година и со Данска од околу 958 до околу 986 година, додека не бил убиен за време на бунтот организиран од неговиот син Свен за да го собори.

Местото каде што бил погребан на крајот паднало во заборав и станало мистерија. Научниците со години се обидуваат да ги реконструираат настаните и да дојдат до одговор, а сега тврдат дека конечно е пронајден. Гробницата на кралот е откриена со помош на модерна технологија.

Истражувачите наведуваат дека во потрагата била користена технологијата LiDAR од сателити, која го мери растојанието на објектот со ласерски зраци кои истрелуваат кон одредени цели на Земјата и ја анализираат светлината што се рефлектира. Во овој случај, во прашање беше објект во селото Вјејково, кое се наоѓа во северозападниот дел на Полска, многу блиски до границата со Германија.

Христијански крал

Харалдр Синозабиот ги обединил данските племиња во кралство и владеел со Данска во текот на X век, а се верува дека умрел во 985 или 986 година во древното викиншко упориште Јомсборг, во бунт организиран од неговиот син Свен. Синозабиот, исто така, останал познат по напуштањето на старата нордиска религија и свртувањето кон христијанството.

Научниците одлучиле да ја решат мистеријата на гробницата со помош на модерна технологија, која ги идентификувала особеностите во земјата кои настанале поради неправилниот распоред на слоевите земја околу гробницата на кралот.

Со текот на годините, истражувачите шпекулираа дека познатиот викиншки крал бил погребан некаде на територијата на денешна Полска. Н атакво размислување ги поттикнал наодот од 2014 година, кога археологот Свен Розборн открил златен диск во област каде што подоцна се испостави дека најверојатно се наоѓа гробницата.

Овој диск го добил името Курмсунски диск, а првично бил прогласен за гробница бидејќи бил пронајден на скелетни остатоци пронајдени под црква уште во текот на XIX век.

Затоа, научниците решиле да испитаат што се наоѓа под Римокатоличката црква на Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица во Вјеково. Сателитските снимки покажуваат кружна формација под слоевите за кои истражувачите се сигурни дека е последното почивалиште на викингшкиот крал.

Научниците се надеваат дека ископувањата планирани во иднина ќе откријат повеќе детали за кралот и ќе ја комплетираат богатата ризница пронајдена пред само четири години од 13-годишно момче и неговиот учител на балтичкиот остров Реген, кој сега ѝ припаѓа на Германија, и која содржела сребрени монети, прстени, бисери и нараквици, а со својата непроценлива вредност се смета за најголемото пронајдено богатство кое некогаш му припаѓало на познатиот крал Синозабиот.

H (ᚼ) и B (ᛒ)

Технологијата bluetooth (блутут) што ја користиме денес е именувана по Харалдр, кој ги обединил данските племиња во кралство. Истражувачите на Ericsson, кои сакаа да ја именуваат технологијата што се користи за поврзување на уредите, симболично го избраа владетелот кој пред многу векови ја обединил нивната земја.

Затоа денес препознатливото лого на bluetooth се состои од руните на иницијалите на Харалдр, H (ᚼ - Hagall) и B (ᛒ - Bjarkan).

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе