Англиски археолози пронајдоа околу 40 обезглавени скелети меѓу 425 тела. Скелетите беа откриени на градилиште за брза железничка линија вредна повеќе милијарди фунти која моментално е во изградба.
Околу 10% од телата пронајдени во Бакингемшир биле обезглавени, а многу од нив биле закопани со главите поставени меѓу нозете или пред нозете. Археолозите веруваат дека тие веројатно биле криминалци или отпадници, иако обезглавувањето било „нормален, иако не толку вообичаен, погребен обред“ за време на доцниот римски период.
Пронајдени монети, брошеви, лажици
Научниците планираат да ги проучуваат ексхумираните скелети во следните неколку години за да дознаат повеќе за контекстот на погребувањето, но и за начинот на живот, исхраната и верувањата на римската цивилизација, пишува Business Insider.
На локалитетот биле пронајдени над 1.200 монети, заедно со неколку оловни тегови што укажуваат на тоа дека тоа е област каде што се одвивала трговија. Ископани се и некои предмети за домаќинството, како што се лажици, иглички и брошеви, но и ѕвона и коцки за игра кои укажуваат дека таму се одвивале коцкарски и религиозни активности.
Римјаните владееле со Британија од 43 до 410 година. Флит Марстон е една од стотиците археолошки локалитети ископани од 2018 година за време на изградбата на линијата HS2 од Лондон до Бирмингем.