Тим од експериментални археолози испловија во реплика на чамец од бронзеното време, изграден со помош на упатства, материјали и техники од пред 4.000 години.
За време на дводневните морски испитувања, бродот долг 18 метри помина 92,6 километри во Арапскиот Залив, достигнувајќи брзина од 5,6 јазли (10,4 километри на час).
Познат како брод „Magan“, бродот го изградија истражувачи од НЈУ Абу Даби и Универзитетот Зајед користејќи методи опишани на глинена плоча од 2100 година пред новата ера. Преземајќи го името од цивилизацијата Маган, која некогаш ги опфаќала денешните Оман и Обединетите Арапски Емирати, бродот е претставник на тип на пловило што некогаш му овозможувало на регионот да тргува со Месопотамија и Јужна Азија.
Според древните упатства, надворешниот труп на бродот бил направен од 15 тони трска од локално потекло, врзани во снопови со јаже од палмини влакна и врзани за дрвена рамка. Во согласност со древните методи на хидроизолација, трските потоа биле обложени со битумен.
„Се потпиравме на различни докази за дизајнот и конструкцијата на бродот“, рече Роберт Партесиус, директор на Програмата за наследство и музејски студии при НЈУ Абу Даби,за IFLScience.
„Тоа вклучува битуменски остатоци од древни садови, текстуални извори, модели на чамци (обично пронајдени во погребни контексти) и поморска иконографија“, наведе.
Бродот бил конструиран од тим од индиски бродоградители специјализирани за чамци кои поради тоа биле запознаени со многу од техниките што ги користеле древните производители на чамците „Magan“. Тесно соработувајќи со истражувачите, овие традиционални занаетчии создадоа пловен брод способен да носи до 36 тони, врз основа на древните илустрации.
„Големиот дел од пловилата беа изградени рачно со користење на традиционални алатки како што се длета, тесли и дрвени чекани“, изјави Партесиус за IFLScience. Бидејќи макарите и другите модерни системи не постоеле во бронзеното време, бил потребен екипаж од повеќе од 20 мажи за да помогне во подигнувањето на едрото, кое било направено од козји влакна.
Бродот чии капетани биле емиратските морнари потоа ги направил своите први чекори во близина на брегот на Абу Даби.
„Иако не ги тестиравме перформансите на пловилото при силни ветрови и затоа немаме целосни податоци за максималните брзини на пловилото, тоа успеа да постигне брзина од над 5 јазли за помалку од 15 јазли ветер, што ги надмина нашите првични предвидувања. Генерално, беше полесно да се плови отколку што се очекуваше“, објасни Партесиус.