Арктикот се загрева речиси четирипати побрзо од глобалниот просек

Глобалното затоплување предизвикано од климатските промени влијаеше на Арктикот многу позначајно отколку што се мислеше, велат финските научници.

Според новото истражување на научниците од Финскиот метеоролошки институт во Хелсинки, арктичкиот регион се загреал речиси четирипати побрзо од глобалниот просек во последните 43 години.

Некои области на Северниот Леден Океан се загреале седумпати побрзо од планетата како целина. Климатските модели досега го прецениле ефектот на таканареченото поларно засилување, според научникот Мика Рантанен.

Човечки фактор

Минатите студии покажаа дека Арктикот се загрева двојно побрзо од другите области, додека работната група на Арктичкиот совет, со седиште во Тромсо, Норвешка, објави во март 2021 година дека зголемувањето на просечната температура на Арктикот помеѓу 1971 и 2019 година изнесува 3,1 степени Целзиусови. што е околу трипати повисоко од глобалниот просек.

Финските научници ги припишуваат повисоките бројки на силното и постојано затоплување на Арктикот, но и на дефиницијата за Арктикот - целата област која се наоѓа во рамките на Арктичкиот круг, како и на фактот дека тие собирале податоци од 1979 година - годината кога станаа достапни подетални сателитски снимки.

Според научниците, степенот на поларното засилување е последица на климатските промени предизвикани од човековата активност, како и природните долгорочни климатски флуктуации. Двата фактори силно зајакнаа во текот на 43 години, велат тие.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Вести

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Read more

Знаци дека вашиот смартфон е хакиран: Што треба веднаш да направите?

Read more

Нобеловата награда за медицина доделена на пионери во областа на оптогенетиката

Read more

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Read more

Гик

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Читај повеќе

Знаци дека вашиот смартфон е хакиран: Што треба веднаш да направите?

Читај повеќе

Нобеловата награда за медицина доделена на пионери во областа на оптогенетиката

Читај повеќе

Instagram експериментира со read-only режимот за Plus претплатниците

Читај повеќе

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Читај повеќе