Арнаутовиќ: Нè чека тежок натпревар, Македонците се квалитетни и со поддршка од целата нација

Ѕвездата на австрискиот состав Мaрко Арнаутовиќ истакна дека неговите соиграчи се свесни за квалитетот што го поседува македонската фудбалска репрезентација и во ниту еден момент нема да го потценат противникот.

– Македонците се опасен тим и мораме да ги респектираме. Ако ги потцениме ќе имаме тешка вечер, изјави Арнаутовиќ за австриските медиуми, спроти дуелот против македонската репрезентација в недела од 18 часот во Букурешт, во рамки првото коло од групата Ц на ЕУРО2020.

Арнаутовиќ посочи дека Австријците се подготвуваат за тежок натпревар против репрезентација, која е полна со самодоверба и ја ужива поддршката од целата нација. Австрија два пати го совлада македонскиот состав во квалификациите за ЕУРО2020, но, според Арнаутовиќ натпреварот в недела ќе биде сосема поинаков.

– Овој натпревар ќе биде различен од тие во квалификациите. Македонија ќе биде полна со самодоверба, бидејќи тие за прв пат сега се тука. Целата држава ќе биде зад нив. Но, ние не треба да се фокусираме на нив, тука да го свртиме фокусот кон нас самите и да се држиме до нашата игра, изјави Арнаутовиќ.

Посочи дека Македонија има многу квалитетни играчи, вклучувајќи го, како што кажа, неговиот многу добар пријател Горан Пандев.

– Многумина го отпишуваат поради годините, но тој и натаму прокоси и покажува колку сè уште е квалитетен играч, додаде Арнаутовиќ.

реклама

Што е еректилна дисфункција и како се лекува овој проблем што ги мачи мажите?

Read more

Бајден го прекрши кралскиот протокол на средбата со Елизабета Втора

Read more

Три хороскопски знаци кои не знаат како да бидат сингл

Read more

Кои се знаците дека ви недостасува железо во телото?

Read more

Фудбал

Како се сака националниот тим!

Read more

Македонскиот дрес најубав на ЕУРО во изборот на ESPN

Read more

Почна ЕУРО 2020, но економското влијание ќе биде ограничено

Read more

Арнаутовиќ: Нè чека тежок натпревар, Македонците се квалитетни и со поддршка од целата нација

Read more
 

Спорт

  • play_arrow
  • filter

Јелена Ѓоковиќ одушеви со навивањето за Ноле на дуелот со Надал

Читај повеќе
  • filter

Како се сака националниот тим!

Читај повеќе

Македонскиот дрес најубав на ЕУРО во изборот на ESPN

Читај повеќе

Почна ЕУРО 2020, но економското влијание ќе биде ограничено

Читај повеќе

Арнаутовиќ: Нè чека тежок натпревар, Македонците се квалитетни и со поддршка од целата нација

Читај повеќе

Англиската репрезентација „тежи“ 1,2 милијарди евра, колку вреди македонската?

Читај повеќе

Тричковски: Головите на Кипар - дополнителен мотив за ЕУРО

Читај повеќе
  • filter

Шведски полицаец ќе ни суди на дебито на ЕУРО

Читај повеќе

Ѓунеш: Турција може да ја победи Италија

Читај повеќе