Арон Ремзи на чекор до договор со Јувентус

Раководството на италијанскиот шампион Јувентус е убедено дека ќе успее да го привлече Арон Ремзи во црно-белиот дрес по крајот на сезоната, откако неговиот договор со Арсенал ќе истече.

Играчот од средниот ред на Арсенал и репрезентацијата на Велс е помеѓу главните трансфер-мети на повеќе клубови, меѓу кои и гигантите Баерн Минхен и ПСЖ.

И покрај огромниот интерес за Ремзи, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, смета дека неговиот клуб е фаворит за потписот на Велшанецот. Јувентус веќе му понуди петгодишен договор на Велшанецот, со кој тој би заработувал по 6,5 милиони фунти по сезона. Често се зборува дека во Серија А играчите доживуваат втора младост, па затоа Јувентус воопшто не се плаши од возраста на Ремзи, кој има 28 години.

Арсенал се откажа од потпишувањето на нов договор со Арон Ремзи и сега играчот е слободен да преговара со било кој клуб од Европа. Пред само еден месец пристигнаа гласини дека Баерн Минхен веќе се договориле со Велшанецот, но потоа германските медиуми го негираа тоа.

Ремзи пристигна во тимот на Арсенал во 2008 година од Кардиф, во трансфер вреден 5 милиони фунти. Во моментов тој е играчот со најголем стаж во дресот на Арсенал и со лондонскиот клуб освои три ФА купови, каде на двапати го постигнуваше победничкиот гол во финалето.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе