Арсенал договори два големи трансфери

Бразилскиот 32-годишен репрезентативец Давид Луиз и десет години помладиот шкотски репрезентативец Киран Тирни се новите засилувања во одбраната на Арсенал во последниот ден од летниот трансфер прозорец во Англија, откако челниците на „топџиите“ ги договорија трансфер условите со Челзи, односно Селтик.

Иако во мај потпиша нов, двегодишен договор за останување на „Стемфорд Бриџ“, Давид Луиз во средата побара трансфер, бидејќи под водство на новиот тренер Франк Лампард падна во втор план и го изгуби местото во стартната постава.

Челзи и Арсенал го договорија трансферот и за 8 милиони фунти искусниот бразилски стопер ќе се пресели на другиот крај на Лондон.

Луиз во два наврата го носеше дресот на Челзи, од 2011 до 2014 и од 2016 година кога се врати во Лондон по двегодишниот ангажман во ПСЖ. Во дресот на лондонскиот клуб Бразилецот освои една титула првак на Англија (2017), два ФА купа (2012 и 2018) и три европски трофеи: ЛШ 2012, Европска лига 2013 и 2019 година.

На последниот ден од предниот рок договорен беше и трансферот на шкотскиот дефанзивец Киран Тирни од Селтик, а според британските медиуми, Арсенал за неговото доаѓање ќе му плати на шкотскиот првак отштета во висина од 25 милиони фунти, што со бонуси може да стигне до 30 милиони фунти.

Тирни имаше договор со Селтик до летото 2023 година.

Англиските клубови имаат време до 18 часот денеска да ги финализираат трансферите на играчи кои се под договор со други клубови.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Лајпциг се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Read more
 

Спорт

Лајпциг се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе