ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Арсенал и Лестер ремизираа, чекор назад за двете екипи

Едниот ризикува да отпадне од местата кои водат во Лигата на шампионите, другиот никако да фати приклучок за истите. Ремито на „Емирејтс“ е голем чекор назад за двата тима.

„Топчиите“ синоќа беа пред императив победа на домашен терен над тимот на Лестер, кој пак го загуби третото место од Челси.

Натпреварот беше изедначен, двата тима имаа шанси за гол, но први поведоа домаќините во 21. минута преку Пјер-Емерик Обамејанг по една одлична асистенција од Бујако Сака.

Петнаесет минути подоцна Џејми Варди одлично му нафрли на Келечи Ихеаначо кој ја затресе домашната мрежа, но потоа ВАР го поништи голот под изговор дека Нигериецот претходно направил фаул над Шкодран Мустафи.

Само 4 минути откако влезе во игра, младиот Едвард Нкетија во 75. минута направи опасен фаул над Џејмс Џастин кој главниот судија прво го оквалификува како жолт картон, но на интервенција на ВАР собата го промени во директен црвен.

Играчката предност „Лисиците“ конечно ја искористија во 84. минута кога Демарај Греј ја протна топка во шестнаесетникот каде најдобриот стрелец во Премиер лигата, Џејми Варди со својот голгетерски инстикт ја смести во домашната мрежа.

До крајот Лестер тргна на гол за победа, меѓутоа резултатот од 1:1 остана и по последниот судиски свиреж.

Remote video URL

Ремито значи дека Лестер не само што падна на 4. место откако Челси славеше над Кристал Палас со 2:3, туку и ризикува со евентуална победа на Манчестер Јунајтед да му се доближи на само 1 бод.

Од друга страна, Арсенал испушти прилика со победа да дојде на минус 6 од 4. место на Лестер и да донесе некаква надеж за пласман во Лигата на шампионите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе