Две кофи полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати, биле пронајдени во подрумот на стенбен објект во населбата Чаир.
При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, една запалка за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.