ПРЕМИЕР ЛИГА 2022/2023

Арсенал се сопна кај Евертон

Филип Здравески
/ 04.02.2023 / 16:21

Втор пораз за лидерот во Премиер лигата откако изненадувалки потклекна на гостувањето кај послабиот ливерпулски клуб.

Фудбалерите на Арсенал доживеаја неочекуван пораз на гостувањето на „Гудисон Парк“ губејќи со минимални 1:0 од тимот на Евертон.

Иако Арсенал имаше многу поголем посед на топка (70%) во однос на ривалот, гостите не успеаја да ја материјализираат иницијативата на теренот. Згора на тоа, Евертон создаде повеќе конкретни шанси, особено во првото полувреме, кога најзагрозувачки беа Докуре, Калверт-Левин и Гаје.

Одлучувачкиот погодок беше дело на 30-годишниот дефанзивец Џејмс Тарковски во 60-тата минута од натпреварот, кога по еден корнер најдобро се снајде во гостинскиот шестнаесетник. „Топчиите“ имаа половина час барем да дојдат до реми, но не успеаја да го најдат патот до мрежата на англиската репрезентативна единица, Џордан Пикфорд.

За Арсенал на овој натпревар неславно деби имаше новото засилување Жоржињо

Арсенал немаше пораз сезонава во Премиер лигата од почетокот на септември кога со 3:1 загуби од Манчестер Јунајтед.

Ситуацијата на табелата по ова 22. коло може значително да се искомпликува бидејќи Арсенал останува на 50 бодови, додека Манчестер Сити со евентуален триумф утре над Тотенхем ќе се доближи на само 2 бода негатива.

Од друга страна, Евертон со овој триумф барем моментално излезе од зоната за испаѓање.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе