Арсовска до приватните превозници: На суд докажувајте дали ЈСП ви должи

Градоначалничката Данела Арсовска им порача на приватните превозници, кои цел ден го блокираат градот кај Судска палата, да си поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи пари.

Наместо да одговори на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи на се издавале за нив фискални сметки, градоначалничката на Град Скопје им порача на приватните превозници да поднесат тужби за да докажат на суд дека некој им должи пари.

„Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорено право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните“, одговори Арсовска на советничко прашање потенцираше градоначалничката.

„ Сите фактури кон приватните превозници се исплатени“, изјави денес директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Стојковски, на продолжението на 19-та седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници.

„Во период од моето доаѓање, па до овој ден, сите нивни фактури од моја страна се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување. Ако сметаат дека се пробиени роковите нека поднесат тужба“, рече Стојковски.

Според него, договорите со приватните превозници остануваат исти, како што биле и досега.

Арсовска на истата седница најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат. 

реклама

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Read more

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Македонија

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Read more

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Read more

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Read more

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Read more
 

Вести

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон

Читај повеќе

Орбан пред инаугурацијата на Трамп: Уште неколку часа и сонцето ќе свети поинаку во Брисел

Читај повеќе

Милошоски: За прв пат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД

Читај повеќе

Трагедија во Делчевско: Се запали куќа, загина 37-годишен маж

Читај повеќе

Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовно уништување: Газа од дрон на првиот ден од прекинот на огнот

Читај повеќе

Без парно греење останаа повеќе делови од Скопје

Читај повеќе

За наградата Роман на годината во трка 43 романи

Читај повеќе

Инаугурацијата на Трамп ќе биде напладне по американско време

Читај повеќе