Арсовска го обвини Советот за хаосот во Скопје: Не можам јас да имплементирам нешто за кое утре ќе одам во затвор

Вчерашниот состанок во Владата за надминување на хаосот во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска го нарече политички циркус за покривање на неуспесите на државните политики и добивање политички поени. За несобраното ѓубре во градот, немањето автобуси, неуредените градски површини Арсовска вината ја префрли кај советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје кои две и пол години ја блокираат. Побара да се изврши притисок врз советниците да ја одблокираат работата на Градот, Владата да си плати 8 милиони евра за бесплатниот превоз на студентите и да се гласаат програмите за работа на јавните претпријатија кои не се изгласани 7 месеци, а без нив не може да се работи.

Ги обвини советниците дека земаат по 500 евра месечно, а не гласаат ништо.

„Зошто целата вина ја префрлате врз мене кога јас, да можев без нив, досега градот ќе ви беше среден. Не знам зошто сметате дека вината треба да е во мене за нешто за кое што јас решение имам уште од прв ден. Јас бев најдобриот градоначалник до септември 2022 година додека не фативме нечии рачиња во медот. Оттогаш станав најлош градоначалник. Како очекувате јас да направам нешто кое не е во моите ингеренции. Не можам јас да имплементирам нешто за кое утре треба да одам во затвор. Ниту ќе го направам. Зошто? Затоа што не сакаат да гласаат? Ако е целта политички да ме ставите на место каде што мислите дека јас нема да можам да излезам со контрааргумент, тоа нема упали. Секој што знае како функционирал градот досега, знае дека без овие програми не може ништо да направите“, се оправдуваше градоначалничката Арсовска денес.

Нагласи дека од она што ветила, не го направила само она за кое требало гласање во Советот, оти се бори со политички дилетанти.

Како и сите досегашни прес-конференции, кои ретко се случуваат, и оваа прес-конференција на градоначалничката повеќе личеше на расправија со новинарите за кои Арсовска рече дека ѝ поставуваат неумесни прашања и дека се дојдени да ја напаѓаат.

„Уште сто дена да стоиме тука и мене да ме напаѓате, нема да го решиме проблемот. Јас не сум личноста која што кочи“, рече градоначалничката Арсовска.

Иако и на вчерашната средба отишла со конкретен план, тој не бил прифатен од Владата па вели дека ќе направи нов и подготвена е да прави нови и нови планови сѐ додека не се најде некој план што на сегашната Влада ќе ѝ се допадне.

Министерот за локална самоупорава, Златко Перински, вчера по состанокот со градоначалничката за наоѓање решение за хаосот во Скопје, рече дека ѝ дале неколку дена за таа да направи план, оти на средбата не им презентирала конкретен лан за надминување на состојбите.

Remote video URL
реклама

Кога е препорачливо да избегнувате употреба на омекнувач за алишта?

Read more

Од италијанска гледна точка: Чудни работи во македонските маркети

Read more

Сообраќајни знаци што често ги збунуваат возачите: Кој има предност?

Read more

Веројатно погрешно ги чувате краставиците: Едноставен трик може да ги одржи свежи до две недели

Read more

Македонија

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Read more

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник, соопшти МОН

Read more

Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, но да го сочуваме и националното достоинство

Read more

Во сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

Read more

Вести

Нова ескалација во Заливот: Иран напаѓа американски цели во регионот, САД ги напаѓаат своите радари

Читај повеќе
  • filter

Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен напад со дронови врз родниот град на Путин

Читај повеќе

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Читај повеќе

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник, соопшти МОН

Читај повеќе

191 кривично дело за семејно насилство во месец мај: МВР алармира на зголемен број на случаи

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, но да го сочуваме и националното достоинство

Читај повеќе

Тешко повредено 13-годишно дете, со електричен тротинет удрило во автомобил

Читај повеќе

Во сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

Читај повеќе