Арсовска и Ѓорѓиевски се препукуваат, буџетот на Град Скопје чека

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со другите градоначалници од скопските општини, денеска учествуваше на координативна средба со претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, каде што повторно изостана присуството градоначалничката Данела Арсовска. Средбата беше свикана во контекст на подготовката на буџетот за 2025 година, чија содржина се крие не само од Советот на Град Скопје туку и од сите граѓани, соопштија од неговиот кабинет.

Градоначалниците на општините во Скопје се договорија за неколку клучни чекори, меѓу кои:

До петок да достават приоритетни проекти за вклучување во буџетот за 2025 година, иако тој не е транспарентно презентиран и Советот не е вклучен во неговото изготвување.

Побараа поголема координација меѓу градските и општинските служби за реализација на проекти од значење за граѓаните.

Укажаа дека немањето комуникација и транспарентност од страна на Градот создава хаос што ги засега сите жители на главниот град.

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави:

„Арсовска да не се крие и да ги внесе приоритетите на скопјани во буџетот за 2025.

Денес, заедно со колегите градоначалници од скопските општини го посетивм Град Скопје, односно претседателот на Советот, Трајко Славевски, за да го разгледаме предлог-буџетот за 2025 година и она што е план да се работи во годината што е пред нас.

Како и обично, градоначалничката Арсовска не се појави на овој состанок. Побаравме од градските служби да го дадат на увид предлог-буџетот, но, исто како што се крие Арсовска, се кријат и документите од претседателот Славевски и од скопјани.

На овој состанок се договорија и неколку клучни работи:

До петок сите колеги градоначалници до Советот на Град Скопје да испратат приоритетни проекти, кои ќе влезат во буџетот за 2025 година, со оглед на тоа дека тој не е даден на увид, а при изработката не се вклучени ниту советниците;

Побаравме и поголема меѓуопштинска соработка за општините да можае да реализираат проекти на просторот каде што надлежен е Градот.

Немањето координација од страна на Градот е сериозен проблем, кој ги засега сите скопјани.

Единствено позитивно е што за седум месеци од сега Скопје ќе биде спасено од овој хаос што му се случува. Скопје повторно ќе биде горд град“, посочи градоначалникот Ѓорѓиевски.

Попладнево се огласи и Арсовска, велејќи дека е „навистина е тажно да се читаат ‘соопштенијата’ на градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кои изобилуваат со небулози и докази на функционална неписменост“,

Како реакција на претходниот повик на Ѓорѓиевски кој порача Арсовска да не се крие и да ги внесе приоритетите на скопските општини во буџетот за 2025 година, таа вели:

„Имено, Ѓорѓиевски би требало да знае дека предлог-буџетот на град Скопје е доставен до советниците во Советот на град Скопје на разгледување во законски утврдениот рок пред седницата на која треба да се разгледува и усвојува. За жал, функционалната неписменост на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикуваат сериозни проблеми за граѓаните на градот Скопје.“

„Што се однесува на меѓуопштинските соработки, Ѓорѓиевски по четири години мандат сè уште нема научено дека таквата соработка ја одобрува Советот на градот Скопје. Оттука произлегува дека или советниците на ВМРО-ДПМНЕ не знаат да читаат, па по навика гласаат против на седниците на Советот на град Скопје или намерно ги блокираат меѓуопштинските проекти и соработка на градоначалниците од своите партиски редови.

На крајот, бидејќи неговиот шеф Мицкоски одбива телевизиска дебата, му предлагам на Орце Ѓорѓиевски во термин и на место кое нему му одговара да ги соочиме реализираните проекти од неговата програма, каде ќе биде евидентно дека и покрај целосна поддршка која ја има во советот на Кисела Вода сепак нема реализирано што ветил пред граѓаните. Вистината сепак е непријатна за ВМРО-ДПМНЕ“, вели градоначалничката на Град Скопје, во напишаниот допис.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Македонија

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Read more

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе