Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на синоќешната седница на Советот обвини дека Катастарот за недвижности крие илјадници имоти на функционери од двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со цел тие да не бидат оданочени.
„Стотици и илјадници имоти на функционери од СДС-ДПМНЕ се кријат од страна на Катастарот за недвижности за да не бидат оданочени, и да не им биде откриен скриениот имот.
Криењето на овие податоци не е ништо друго освен затајување на данок, за што директорот на Агенцијата за Катастар треба да сноси одговорност, како и оние кои ги поддржуваат во ова.
Недозволиво е чесните и лојални граѓани на градот Скопје да бидат третирани како граѓани од втор ред, за сметка на оние нечесните кои пак се кријат позади однесувањето на директорот на Агенцијата за Катастар“, рече Арсовска.