Арсовска: Нема да се откажам, ќе издржам поради принципите во кои лично верувам

Од самиот почеток на мојот мандатот почна процесот на ветинг, со цел градската администрација и јавните претпријатија да поминат низ една постапка, во која ќе имаме можност да вршиме поголема контрола во делот на превенција на коруптивното однесување, вели во интервју за МИА градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која смета дека еден од најдобрите начини за справување со оваа негативна појава е трансформирањето во делот на дигитализацијата  и сведување на минимум на човечкиот фактор во одлучувањето за клучните процеси за граѓаните.

Арсовска вели дека отпочнале со серија процеси, кои водат во таа насока и го наведе проектот Смарт Скопје, плановите сите процеси да бидат дигитализирани, со што, како што посочи, ќе се намалат можностите за корупција.

За тоа како ќе продолжи со спроведување на своите политики, со оглед на нејзините несогласувања со советниците од партијата ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа нејзината кандидатура, но потоа дојдоа и разликите и отворените судири дури и со лидерот на партијата, таа вели дека е избрана од граѓаните, како и советниците од сите политички партии и дека и таа и тие одговараат пред граѓаните за она што го ветиле пред да дојдат на овие позиции. 

Во целиот склоп на политичко-урбанистички турбуленции, економско-енергетската криза, заканите и тврдењата дека нема да може да го издржи мандатот до крај, вели дека нема да се откаже и дека ќе издржи поради принципите во кои лично верува.

Арсовска нагласува една година по стапувањето на функцијата отпочнати се проекти коишто се важни за граѓаните, со посебен фокус на животната средина и просторното планирање и во насока Скопје да биде хумано место и согласно желбите и барањата на граѓаните. 

Од проектите коишто се во тек, градоначалничката како посебно значајно го наведе обезбедувањето на функционален, ефикасен и пред сѐ еколошки јавен превоз, а заедно со тоа и активности насочени кон системско решавање на проблемите поврзани со загадувањето.

– И покрај тоа што преземавме навистина сериозен број на активности во оваа насока, гледаме дека сѐ додека немаме комплементарен сет на мерки за да го елиминираме загадувањето, тоа се решава многу тешко, рече Арсовска.

Поврзано со нејзината работа по мината една година на градоначалничката функција, таа говори и за чистењето на дивите депонии, за работата на администрацијата на Градот Скопје и за тоа како планира да ги реализира проектите кои ги вети во нејзината изборна програма.

Градоначалничката Арсовска во интервју за МИА говори и за прашања поврзани со нејзиното разрешување од претседателската функција во ЗЕЛС, како и за јавниот превоз, градежниот хаос во главниот град, последните случувања во МКЦ...

Целосното интервју МИА ќе го објави утре.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе