Арсовска: Приватните превозници парите од билети ги ставале в џеб

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку прес-конференција денеска упати обвинување до приватните превозници дека изминатите 5 години, од 2017 година наваму, не пријавиле продажба на ниту еден билет, а поминале над 400 илјади километри.

„Јавноста сепак, мора да ги знае вистинските причини за привидот за наводен ‘хаос’ во сообраќајот, кој некој со намера го предизвикува, а таа намера денес ќе ја откриеме и разобличиме. Ќе се обидам системот на функционирање да го објаснам во најсимплифицирана форма“, рече Арсовска.

„ЈСП Скопје склучува договори со приватните превозници, во случајот Макекспрес и Слобода Превоз врз основа на кој ЈСП има обврска на приватните превозници да им исплаќа по едно евро а сега по зголемување на дериватите по 1,5 евра по извозен километар. Оваа обврска месечно чини околу 24 милиони денари, но, од оваа сума треба да се одбие сумата која приватните превозници ја оствариле од продажба на билети за возење.

Приватните превозници, согласно член 5 од нивниот договор, имаат обврска продадените билети да ги потврдат со фискална сметка, и да ги валидираат во интегрираниот систем со ЈСП Скопје. Кога ќе го направат тоа, од вкупната сума која ЈСП Скопје ја должи за извозен километар, се одбива сумата која од продадени билети ја оствариле приватните превозници“, објасни Арсовска, па продолжи:

„Жалам што ќе ги разочарам, но, ниту јас, ниту градот Скопје, ниту ЈСП нема да бидеме сојузници во криминал кој траел од 2017 година.“

Таа додаде дека било евидентно од аналитичките картички со кои е евидентирано финансиското работење кое произлегува од договорот со приватните превозници „Макекспрес” и „Слобода Превоз”, истите од 2017 година, дека до моментот на прес-конференцијата немаат пријавено продажба на ниту еден билет во своите автобуси иако пријавувале дека возеле околу 400.000 километри месечно. Ова го пресметувале по едно евро за извозен километар, а потоа го фактурирале на ЈСП.

„Или наједноставно, ‘Слобода превоз’ и ‘Макекспрес’ наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале и ги ставале во џеб, а потоа фактурирале и 400.000 евра од ЈСП Скопје секој месец. Оваа ‘шема’ трае цели пет години.

Како што може да се види од аналитичките картички, доказ дека ова се случувало е фактот што тие од 2017. година не добавиле билети од ЈСП Скопје кои потоа ги продаваат на патниците. Од 2017 година ‘Слобода превоз’ и ‘Макекспрес’ не пријавиле ниту еден продаден билет во ЈСП Скопје, иако за билети наплаќаат од патниците.“

Арсовска понатаму прашува каде завршувале парите кои „Слобода Превоз” и „Макекспрес” требало секој месец да ги пријавуваат во ЈСП Скопје и УЈП од продажба на карти, ако пет години немале пријавено ниту еден продаден билет?

„Внимавајте, наплаќале билети од патниците, а потоа дополнително полната сума од околу 400.000 евра ја фактурирале од ЈСП Скопје. Дополнително, како што истакнавме и на минатата прес конференција, средствата кои ЈСП ги исплаќал кон овие две здруженија, не знаеме на кој начин биле распределувани и кој превозник колку средства добил.“

Арсовска верува дека најголемиот дел од сопствениците на приватни автобуси кои членуваат во здруженијата „Макекспрес” и „Слобода Превоз” се чесни луѓе кои од возењето автобус го прехрануваат семејството, но истакна дека злоупотребите на овие здруженија нема да се премолчува, туку напротив со постапување на институциите овие злоупотреби ќе се спречат, што ќе резултира и со покренување на соодветна постапка по финалниот ревизорски извештај.

„За да оние кои злоупотребиле, да не шпекулираат за причините на прекин на договорите, Град Скопје изготви нов јавен повик на кој секој од сегашните поединечни превозници, сопственик на приватен автобус ќе може индивидуално да аплицира, да добие линија на која ќе сообраќа и да работи чесно за обезбедување соодветен јавен превоз. Криминалот и корупцијата и оние кои злоупотребуваат, нема да наидат на поддршка во Градот, затоа што се обврзавме дека ќе расчистиме со тоа што до сега било кочничар за развој на градот, ЈСП се консолидира, се спроведуваат реформи во насока на прилагодување на еко стандарди и се движи кон трајно решавање на предизвиците во јавниот превоз“, изјави Арсовска.

 

🇲🇰Ниту јас, ниту градот Скопје нема да бидеме сојузници во криминалот! Криминал кој траел од 2017.година, а од кој се офајдувале неколкумина врз грбот на чесните возачи на приватни автобуси и врз грбот на скопјани! ⬇️⬇️⬇️

Posted by Danela Arsovska on Thursday, November 24, 2022
реклама

Македонија

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе