Арсовска со писмо до Мицкоски: Доколку не можете да ги убедите советниците да гласаат за набавка на нови автобуси, тоа да го направите вие

Во име на граѓаните на градот Скопје и во име на вработените во градската администрација и претпријатијата под надлежност на градот Скопје ви испраќаме отворено писмо со надеж дека на овој начин ќе ја разберете и поддржите потребата од стабилизирање на состојбите во главниот град кои благодарение на непринципиелните политики беше нарушена во претходниот период, пишува во отворено писмо до премиерот Христијан Мицкоски, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Како претседател на Владата на Република Македонија и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Ве повикувам и Ве замолувам да внесете разум во делувањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Вашата коалиција во Советот на Град Скопје. Крајно неодговорно и неразумно е граѓаните на главниот град да бидат жртви на самоволието на 23 лица чие единствено политичко делување е преку деструкција, блокади и политички манипулации.

Граѓаните на градот Скопје не смеат да бидат жртви на политичките амбиции на поединци од Советот на Град Скопје. Недозволиво е скопјани да чекаат автобуси по еден час на екстремни температури, недозволиво е учениците да немаат превоз, а уште пострашна е најавата на министерката за образование и наука дека нема намера да го исплати долгот за бесплатниот превоз на студенти и средношколци кон ЈСП, со намера и да го прекине овој проект.

Како Влада со големо владеачко мнозинсво имате начин и капацитет, а сакам да верувам дека имате и политичка волја да ги исплатите долговите кон ЈСП од 8 милиони евра, КХС од 2.5 милиони евра, но и кон ЈП Дрисла на кој само Клинички центар му должи 1 милион евра, како и долговите кон ЈП Водовод и Канализација кои се бројат во милионски суми.

Ве замолувам, како претседател на Владата доколку не можете да ги убедите советниците во град Скопје да гласаат за набавка на нови автобуси, тоа да го направите вие. Набавете автобуси за главниот град. Доколку Владата нема средства за оваа намена, ние сме подготвени, а со одлука на Советот на Град Скопје, да ви ги префрлиме потребните средства на посебна сметка, а вие да ја спроведете набавката.

Апелирам до Вас, личните недоразбирања да не бидат причина за блокада на главниот град, а на штета на граѓаните на градот Скопје.

Доколку е ова прифатливо, предлагам да закажеме вонредна седница на Советот на Град Скопје во среда на 4 септември на која заеднички ќе донесеме одлука за набавка на нови 250 еколошки автобуси и останатите одлуки неопходни за непречено функционирање на градот. Предлагам условите за набавка на новите автобуси, начинот, динамиката и финансирањето да го предложите Вие како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а да го предложите преку Вашите советници во Советот на Град Скопје. Јас сум подготвена како и до сега, да ги прифатам Вашите барања и услови, со една цел – подобар живот на граѓаните на градот Скопје“, му пишува Арсовска на Мицкоски.

реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Македонија

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Read more

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Read more

Квалитетот на горивата во Македонија под лупа

Read more

Костовски: Ликот на Богородица се појави во црква во Бутел на големиот празник

Read more
 

Вести

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Читај повеќе

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Читај повеќе

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Читај повеќе

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Читај повеќе

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Читај повеќе
  • play_arrow

Калуѓерка уапсена за поврзаност со италијанската мафија

Читај повеќе

Amnesty International за прв пат тврди дека Израел врши геноцид во Појасот Газа

Читај повеќе