Артета ги поби гласини дека ќе ја преземе Барса

Баскискиот стратег негира дека постои веројатност да седне на клупата на каталонскиот тим и тврди дека е пресреќен во Арсенал.

Микел Артета уште на 15 години ја напушти родната Баскија и дојде во младинската академија на Барселона. Но, за првиот тим никогаш не заигра, а дури 11 сезони мина во Премиер лигата играјќи за Евертон и за Арсенал, каде и се пензионираше.

„Секогаш кога има избори во Барселона ќе има и вакви шпекулации. Тоа е огромен клуб“, вели Артета.

Шпекулациите велат дека доколку Жоан Лапорта биде избран за претседател на претстојните избори, ќе го замени Роналд Куман со Микел Артета.

„Нормално, јас таму израснав како играч и затоа секогаш ќе има поврзаност. Но, јас сум целосно фокусиран на работата која треба да ја вршам овде, а имаме и тоа како работа и навистина уживам во тоа“.

Артета седи на клупата на „Топчиите“ од 20 декември 2019 година.

„Денес и утре сум тренер на фудбалскиот клуб Арсенал и уживам во тоа. И сакам да направам многу повеќе од ова што сум го направил до сега. Она што можам да го кажам е дека се чувствувам привилегиран што го водам овој клуб и дека сум екстремно среќен“, заврши тој на оваа тема.

реклама

Ѕирнете во луксузната вила на Новак Ѓоковиќ во Шпанија

Read more

Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Read more

ЕМА истражува нова нуспојава од вакцината на AstraZeneca

Read more

Убавица на денот: Луција Јаворчекова

Read more

Фудбал

Гоце Седлоски нов тренер на Шкупи

Read more

Пике и Фати во составот на Барселона за финалето на шпанскиот куп

Read more

Солскјер со нетрпение ги очекува натпреварите со Рома

Read more

Како би изгледал трејлер за Македонија на ЕУРО

Read more
 

Спорт

Гоце Седлоски нов тренер на Шкупи

Читај повеќе

Пике и Фати во составот на Барселона за финалето на шпанскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Солскјер со нетрпение ги очекува натпреварите со Рома

Читај повеќе

Еванс: Еден ден ќе им раскажувам на моите внуци за победата над Ѓоковиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Како би изгледал трејлер за Македонија на ЕУРО

Читај повеќе

Ибра се соочува со тригодишна забрана за играње фудбал

Читај повеќе

Пелистер го „украде“ голманот Кизиќ од Вардар

Читај повеќе

Британецот Еванс го елиминираше Ѓоковиќ во Монте Карло

Читај повеќе

Клоп: Лошиот напад е наш заштитен знак сезонава

Читај повеќе