Артета веќе разговарал со Венгер за негово враќање во Арсенал

Стратегот на Арсенал има намера да направи сензационално враќање на Арсен Венгер во клубот.

Микел Артета веќе зборувал со Французинот за неговото враќање во клубот и пробувал да го убеди дека тоа е одлична идеја.

Тренерот на „Топчиите“ веќе некое време во клубот ја промовира идејата за враќање на Венгер со одредена улога, а неодамна закачи огромна слика од легендарниот тренер на ѕид на влезот во клупскиот тренинг центар.

Сега Артета откри дека зборувал со Венгер за негово враќање во клубот од каде си замина во мај 2018 година.

„Се видов со него и зборувавме за тоа кога бевме да го гледаме филмот и беше неверојатно пријатно да се зборува со него. Се надевам дека ќе го вратиме“, вели Артета.

Филмот за кој зборува е документарецот за Венгер со наслов „Arsene Wenger: Invincible“.

„Мислам дека би му било супер само што ќе ја види околината која тој може да ја создаде околу него кога би бил овде, бидејќи поради почитта, восхитот и љубовта која сите во клубот ја имаат кон она што го има направено и она што го претставува како личност во овој клуб“, додава баскискиот стратег.

Јасно е дека Венгер не би се вратил во улога на тренер, место на кое ќе продолжи да работи Артета. Но, Баскиецот одби да открие за каква улога го сака во клубот Венгер,  кој сега работи во ФИФА.

„Тоа не можам сега да ви го откријам. Но, она што можам да го кажам е дека би сакал да е поблиску, особено до мене, бидејќи сметам дека би ни бил од огромна помош“.

Артета не седна на клупата на Арсенал веднаш по пензионирањето на Венгер. Негов наследник беше Унаи Емери, кој издржа сезона и пол, па Артета ја презеде одгворноста на средината од декември 2019 година. Досега успеа да му донесе на клубот два трофеа, по еден ФА куп и Лига куп.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе