Аспиринот не ги подобрува шансите за преживување кај хоспитализирани со COVID-19

Аспиринот не ги подобрува шансите за преживување кај пациентите примени во болница со COVID-19, покажа најново британско истражување.

Кај пациентите со ковид претходно беше забележан поголем ризик од развој на згрутчувања на крвта во телото, особено во белите дробови.

Помеѓу ноември минатата година и март 2021 година, беше спроведена голема студија на 15.000 пациенти примени во болници со COVID-19, а целта беше да се тестира ефектот на аспиринот, лек кој широко се користи за спречување на згрутчувања при боледување од некои други болести.

Како дел од студијата, вкупно 7.351 пациент примал 150 милиграми аспирин дневно, а 7.451 не. Изборот бил случаен.

Истражувачите не најдоа докази дека аспиринот ја намалува смртноста, но беше забележано дека пациентите кои земале аспирин биле хоспитализирани малку пократок период, од осум дена до девет, и дека по 28 дена повеќе биле отпуштени од болница бидејќи ја прележале болеста (75 проценти наспроти 74)

Занемарливи разлики

Питер Хорби, професор по заразни болести на Оксфорд и еден од авторите на студијата, рече дека ваквите разлики се занемарливи за да се оправда широко распространетата употреба на аспирин кај пациенти со ковид.

Неговиот колега Мартин Ландреј, професор по епидемиологија, рече дека е разочаран од фактот што толку евтин и широко распространет лек се покажа како неефикасен во овој случај.

„Но, токму затоа е важно вакво истражување - да откриеме кои терапии функционираат, а кои не“, рече тој.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе