Вести

Астероид широк 600 метри утре минува крај Земјата

18. април 2017 - 14:22 | Б.С.Б.

Голем астероид со пречник од 600 метри утре ќе мине покрај Земјата, на безбедна оддалеченост. Станува збор за астероидот 2014 – ЈО2, кој ќе мине на оддалеченост од 1,77 милиони километри.

Од НАСА соопштија дека не постои опасност за судир со нашата планета, но сепак станува збор за блиско минување за астероид со таа големина.

Тој нема да биде видлив со голо око, но астрономите-аматери би можеле да го видат со телескоп.

Астероидот патува низ вселената со брзина од 33 метри во секунда, а според научниците, ова е најблиско минување покрај Земјата во последните 400 години.

Следниот астероид кој ќе мине толку блиску покрај нашата планета ќе биде во следните 500 години.

Коментирај