Aston Martin дизајнира куќа од 7.7 милиони долари
Компанијата Aston Martin, во соработка со S3 Architecture дизајнираше луксузен приватен објект за живеење, оддалечен два часа од Менхетен.
Тимот кој стои зад проектот тврди дека куќата поставува нови стандарди за повлекување во руралните предели, дека претставува спој на градба, приватност, самостоен живот.
Куќата има темна фасада од кедар и целата е стаклена за да се создаде чувство на отвореност. Имотот се простира на 783 метри квадратни, а во склоп е и објект покрај базен како и куќичка на дрво. Исто такам изградени се и три објекти за гости.
Во гаражата има место за три автомобили, а во склоп на објектот има и вински подрум.
Проектот вреди 7.7 милиони долари.