Aston Martin го произведе најмоќниот луксузен SUV во светот

Aston Martin започна со производство на својот SUV модел DBX707, а од производната линија во Сент Атан излезе првиот примерок.

DBX707 е придвижуван од 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор кој развива 697 КС и го прави моментално најмоќниот SUV во светот. Сега кога производството официјално започна, моделот ќе биде испорачан на клиенти во повеќе од 50 земји.

Aston Martin ангажираше 100 нови обучени техничари за поддршка на производството на DBX707 во фабриката во Сент Атан. DBX е првиот сериски автомобил што се произведува во Велс по речиси 50 години, а DBX707 е првиот модел развиен под надзор на Лоренс Строл, новиот извршен директор.

„DBX707 е симбол на новата ера за Aston Martin и симбол на способноста на брендот да комбинира супериорен луксуз со високи перформанси. Првите реакции од клиентите и медиумите се фантастични, а го подобривме производството. Фантастично е што имавме можност да го развиеме нашиот тим и да понудиме нови можности за вработување на луѓето од локалната заедница“, изјави извршниот директор на Aston Martin, Мајкл Строган.

DBX707 забрзува од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди и достигнува максимална брзина од 310 km/h. Неговиот моќен мотор е поврзан со нов и побрз 9-степен автоматски менувач и подобрен диференцијал со ограничена влечна сила, а подобрени се и погонот на сите тркала и шасијата.

Првите испораки до клиентите се очекуваат пред крајот на јуни. Цената на основниот модел во Европа е нешто повеќе од 220.000 евра.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе